• вторник, 24 декември 2024

Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Скопје, 9 април 2024 

Перо Николов, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во својата изјава ја информира јавноста дека за неполни два месеца во неколку пратки на извоз на зеленчук Хрватската гранична контрола за храна утврдила присуство на забранетиот пестицид хлорпирифос.

За неполни два месеца во неколку пратки на извоз на зеленчук Хрватската гранична контрола за храна врз основа на лабораториска анализа утврдила присуство на забранетиот пестицид хлорпирифос. Овој пестицид е забранет во ЕУ од 2020 година и оттука се поставува прашањето како овој пестицид се најде на македонскиот пазар? - изјави Николов.


Ова не е прв ваков случај на извоз на зеленчук од Македонија да Хрватската гранична контрола да го пронајде забранетиот пестицид хлорпирифос, ист ваков случај имавме и лани кога во неколку пратки беше пронајден хлорпирифос.


Во една од пратките се работи за небезбеден производ мешана салата извозен во Република Хрватска од Република Македонија. Во февруари повторно на Хрватската граница е задржана пратка на свеж зеленчук, морков, каде е потврдено присуство на забранетиот пестицид. Во моментов не го знаеме исходот на оваа пратка на зеленчук, односно дали истата била уништена во Република Хрватска или е вратена назад во Република Македонија. - додаде Николов.


Оттука прашуваме дали има позитивни резултати потврдени во нашите лаборатории, каде завршува зеленчукот и овошјето со пестициди? Поради нефункционалност на нашите институции Република Хрватска не има ставено под силен мониторинг и контрола, односно секоја пратка на зеленчук мора да биде подложена на строги лабораториски проверки со што директно се руши угледот на Македонија како извозник на земјоделски производи. - заврши Николов.

Во прилог ви го испраќаме целосниот видео материјал од изјавата на Перо Николов.

Изјава на  Перо Николов, член во Кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Принтскрин 

Остани поврзан