• четврток, 26 декември 2024

Николовски – Суџубаши: „Халк банка“ донира еден милион садници, дава поддршка за зголемување на шумскиот фонд

Николовски – Суџубаши: „Халк банка“ донира еден милион садници, дава поддршка за зголемување на шумскиот фонд

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со генералниот директор на „Халк банка“ АД Скопје Билал Суџубаши по повод иницијативата на „Халк банка“ да донира еден милион садници за пошумување.

Како што оцени Николовски, се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон акциите за пошумување организирани од МЗШВ.

-„Халк банка“ има убава иницијатива која предвидува заедно со Министерството за земјоделство и ЈП „Национални шуми“ реализирање голема петгодишна донација, која треба да достигне еден милион садници за пошумување. Изминативе години повеќе општествено одговорни компании преку свои иницијативи за пошумување придонесуваат за збогатување на шумскиот фонд во државата. Токму во таа насока е и оваа убава иницијатива на „Халк банка“ за чија реализација јас лично и Министерството даваме безрезервна поддршка, истакна Николовски на средбата.

Оваа година МЗШВ ја спроведува најголемата акција за пошумување „АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО“, во која е предвидено засадување на 1 200 000 садници во 19 региони во државата на 36 различни локации.

-Зелената транзиција за нас како Министерство, е еден од петте важни приоритети во работа на министерството, а токму пошумувањето една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава, подвлече Николовски. мч/ев/

фото: МЗШВ

Остани поврзан