• четврток, 26 декември 2024

Николовски – Диксон: Суштински институционални промени за жестока борба со криминалот и корупцијата

Николовски – Диксон: Суштински институционални промени за жестока борба со криминалот и корупцијата

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Директорот на Царинската управа Бобан Николовски денеска имал средба со Марк Диксон, шеф на Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која разговарале за справување со криминалот и корупцијата преку унапредување на разузнавачките капацитети.

Како што информира Царинската управа, заклучоци од средбата биле „подигнување на статусот на професијата, жестока борба против криминалот и корупцијата преку унапредување на разузнавачките капацитети, но и примена на стратешки пристап од страна на сите институции“.  

Заклучено е и да се промени и пристапот во обуките при што тие треба да бидат теренски и суштински, а нив ќе ги посетуваат единствено лица кои ќе покажат високо ниво на професионалност.  

Николовски и Диксон се согласиле за интензивирање на соработката која треба да резултира со зајакнување на институционалните капацитети во борбата со организираниот криминал.

-Мора да имаме суштински институционални промени, целта ни е подигнување на професионализмот на службата, каде безбедносните политики ќе ги спроведуваат лица со високо ниво на професионалност, интегритет и лидерство, истакнал Николовски.

Шефот на Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ, Диксон, пак, како што информира Управата, истакнал дека една од целите на мисијата на ОБСЕ е да ја подобри интероперабилноста помеѓу институциите „се со цел ефективна борба со организираниот криминал“. 

-Воедно потенцира дека институциите треба да се фокусираат на рана интервенција и спречување на криминалот и корупцијата, наведува Царинската управа во соопштението. хс/дма/

Фото: Царинска управа 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан