• сабота, 23 ноември 2024

Николовски ќе го испита случајот со појавата на никотинските ќесички на пазарот

Николовски ќе го испита случајот со појавата на никотинските ќесички на пазарот

Свети Николе, 9 февруари 2024 (МИА) - Продажбата на никотинските ќесички, кои се забранети и за продажба и за увоз низ земјава се уште можат да се најдат и купат. Но, иако ова не е во надлежност на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сепак техничкиот министер, Љупчо Николовски ќе праша и ќе се заинтересира за овој случај. Ова тој го истакна во одговор по новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.

-Ќе се обратите во Државниот инспекторат за земјоделство, не знам за ваков случај дека после тие насоки коишто ги дале како Инспекторат, инспекцијата не е орган во состав, ниту пак е сектор на Министерството. Ние може да прашаме, да се заинтересираме да видиме. Знам дека минатата година ова беше тема во која што се знае ставот на Инспекторатот, на Царина и останатите институции дека не е ова регулирано во Законот за тутун. Знам дека се истражуваа другите европски земји во коишто претежно тоа било дозволено или земји во коишто не било дозволено и она што и јас го знам дека такви дозволи не се даваат, рече Николовски. 

Тој додаде дека Државниот инспекторат за земјоделство треба да  одговори дали дал такви дозволи или не се дадени, за да се најдат никотинските ќесички на пазарот. 

– Еве, ние сме тука отворени и ако треба да придонесеме, секако да дадеме какви било толкувања како што сме го дале и тоа на состаноците кога сме биле повикани нашиот сектор и надлежноста што ја имаат вработените во делот на тутунот ние сме кажале на тие состаноци. Така што, еве да оставиме на сите институции. Доколку не повикаат ние сме отворени да дадеме придонес секако повторно во тој дел доколку повторно има иницијатива за да се регулира на соодветен начин, рече Николовски. вдј/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан