• среда, 25 декември 2024

Николовски: УСС ќе иницира календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува

Николовски: УСС ќе иницира календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на УСС на УКИМ  Александар Николовски изјави дека се револтирани поради неисплаќањето стипендии и други субвенции за студентите.

- Покажуваме црвен картон кон вработените во МОН и УСС се залага студентите во иднина да бидат слушнати и нивниот глас да биде уважен. Во фб-статусот на министерот Јетон Шаќири беше напишано дека се легнати средствата, но според ветувањето средствата требаше да бидат легнати првично на средината на јануари, па крај на јануари. И тоа е само за стипендиите. Покрај тоа, имавме средства за ретроактивно исплата, имавме мерка ваучери за превоз, како и проблеми со студентскиот оброк. Така што, овој револт е создаден поради ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институција, изјави Николовски.

Николовски и Савче Ѓошева, студентска правобранителка на УКИМ, соопштија дека  бараат промена  на самиот систем и дека следен чекор ќе им биде иницијатива за воспоставување календар на активности на кои МОН ќе треба да се придржи и да има навремена исплата на сите студентски мерки. Ќе бараат, рече, и промена во Законот за студентски стандард.

-Според законот, МОН покрива 50 проценти од трошокот за студентите, што не е во ред бидејќи доколку се покачат трошоците, а тие се покачени, за студентските домови и квалитетот на храната, тогаш ќе треба да трпи законот измена и да се понесат повеќе финансиски средства кон студентските домови, рече Николовски.

Студентите на протестот го повикуваа министерот да дојде, но ја одбија неговата покана да имаат средба во МОН. Додека трае протестот, министерот Јетон Шаќири ги свика медиумите на прес-конференција.

Со свирежи, транспаренти и "црвени картони" студентите денеска се собраа на булеварот пред МОН во знак на незадоволство од, како што велат, ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за  исплата на стипендиите и на други субвенции.

Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството.

Para Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës sot pasdite filloi protesta e paralajmëruar e studentëve të cilët në mënyrë të këtillë vendosë ta shprehin pakënaqësinë nga efikasiteti i MASH-it sepse

Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите  „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка  и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.

На протестот учествува и неформалната организација „Студентски отпор“ која претходно закажа протест пред МОН во 16 часот, но се придружи на иницијативата на УСС на УКИМ  и на заеднички протест во 14 часот заради масовност и единственост во барањата. Како што соопшти, „само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права“. хс/aa/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан