• сабота, 28 декември 2024

Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви

Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви
Кочани, 12 септември 2022 (МИА) – Министерот за земјоделство Љупчо Николовски изрази подготвеност за средба со претставници на оризопроизводителите, за да ги слушне барањата што тие ги изнесоа на вчерашниот протест и блокадата на магистралниот пат Кочани – Штип. На денешниот брифинг со новинари, на кој беше претставен нов модел за субвенционирање преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, тој нагласи дека поддршката за оризот ќе продолжи, а  тој ќе стане стратешка земјоделска култура. -Имаме потсекторски групи и наши економски социјални партнери, секојдневно се среќаваме со сите, до мене лично не е стасано барање, но ние сме отворени за граѓаните. Со низа мерки и политики даваме силен акцент на оризопроизводството и на наша иницијатива легислативата се менува, сè со цел оризот да стане стратешка култура што ќе биде откупувана од страна на стоковите резерви. Го исполнивме и клучното ветување дадено пред граѓаните, а тоа е интервентниот фонд, интервентната програма, и сме единствената земја во регионот којашто ја има. Сите барања што се доставени, и за средби и за конкретните состојби, ќе бидат разгледани и од мене и од мојот тим, буквално секој ден сме на терен и токму врз база на тоа искуство го предлагаме новиот концепт, истакна министерот Николовски. Според ресорниот министер, поддршката за оризопроизводството во изминатите неколку години е сериозно подобрена, при што нагласи дека субвенциите по хектар се зголемени за 300 проценти, воведена е развојна субвенција, со навремена исплата на финансиската поддршка, а пред неколку дена биле потпишани десетина нови договори за набавка на специјални комбајни. та/лв/  

Остани поврзан