• вторник, 12 ноември 2024

Николовски: Силно ги поддржуваме меѓународните промоции на македонските винарии, за неколку години вложени над милион евра

Николовски: Силно ги поддржуваме меѓународните промоции на македонските винарии, за неколку години вложени над милион евра

Верона, 2 април 20223 (МИА) -  Министерството за земјоделство силно ги поддржува меѓународните промоции на македонските винарии. Над еден милион евра во овие неколку години се насочени за претставување на нашето вино низ светот и во Европа.

Ова го вели во изјава за МИА министерот за земјоделство, шумарство и ветеринарство Љупчо Николовски кој го придружуваше премиерот Димитар Ковачевски на Саемот на вино „ВинИтали“ во Верона, Италија, по посетата на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ на кој беа презентирани најквалитетните вина од Северна Македонија, Србија и од Албанија.

Тој истакна дека ова е второ учество на македонските вина на овој престижен саем во Верона. Лани самостојно, а оваа година под капата на Отворен Балкан, на оваа нова платформа каде се презентирани 16 македонски винарии со над 70 етикети, заедно со останатите винарии од Србија и од Албанија.

-За нас е особено значајна регионалната сорабока и заедничкото претсавување на овој саем на кој се присутни и трговците и професиналците. Ќе влијае и на она што ќе следи во ноември, на Винската визија во Белград, рече Николовски.

Тој потсети дека пред кратко време во Италија беа претставени малите семјени винарии, а само што заврши и саемот Про Вајн во Дизелдорф, каде имаше национален македонски штанд, а следна дестинација, посочи, е саемот Бела вита Експо во Чикаго, каде исто така, ќе бидат претставени голем број наши винарии.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска, во Бардолино, Италија

-Ме радува што најголемиот метеж, најголемата енергија е токму тука на овој штанд на Винитали, каде е препознаен квалитетот на македонското вино, вели министерот Николовски.

Нагласи дека ги имаме сите услови и силно инвестираме во нашата промоција, во поддршката на лозаропроизводителите и винариите. 

-Го променивме законот за вина и денеска имаме нови 20 мали семејни винарии, кои исто така се промовираат насекаде низ светот. Во регионот сме втори после Грција по извоз на вино. Ние сме лидери, и во извозот на вина ја надминавме границата од 60 милиони евра. Но и по она што сите посетители тука го препознаа, а тоа е квалитетот на македонските вина. Да се биде 29 земја во светот по извоз на вино, навистина не прави особено горди, нагласи Николовски, подвлекувајќи дека поддршката ќе продолжи и со новиот закон за вина и со новата национална стратегија која е во изработка со цел креирање препознатливост на македонските вина низ светот.

Тој се заблагодари на „Wines od Macedonia“ кои се вклучија во организиацијата на презентацијата на нашите вина во Верона, најавувајќи дека соработката ќе продолжи и понатаму уште поенергично.

-Како Министерство ќе продолжиме да даваме поддршка и преку Програмата за рурален развој, преку техничката поддршка. Тука е и директната поддршка кон лозарите, но и поддршката која започна лани со подолгорочен план кон винариите кои се извозно ориентирани, кои го откупуваат македонското грозје. Со промената во легислативата и создавањето услови да растат и малите винарии навистина правиме еден широм спектар на поддршка каде квалитетот на македонското вино доаѓа до израз, потенцира министерот за земјоделство.

Прашан какво е значењето на ваквиот формат на заедничка презентација на винските производители од три земји на саемот во Верона, Николовски подвлекува дека тоа е потврда на позитивната енергија и соработката која постои во регионот.

-Вакви заеднички иницијативи како дел од Отворен Балкан ќе има и во останиатите сектори. Тоа значи размена на искуства, знаење, на ноу-хао и е патоказ како регионот да се развива. Верувам дека со заедничка поддршка и заеднички сили ќепродолжиме во тој правец, порача министерот Љупчо Николовски. вг/са/  

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан