• недела, 24 ноември 2024

Николовски: Се заокружува првата фаза од ХС „Злетовица“

Николовски: Се заокружува првата фаза од ХС „Злетовица“
Штип, 1 март 2022 (МИА) - Се заокружувата првата фаза од Хидросистемот „Злетовица“, кој треба да обезбеди водоснабдување на вкупно пет општини, порача денеска од Пробиштип, министерот за земјоделството, шумарство и водостопнаство, Љупчо Николовски. Тој забележа дека Владата во 2018 и 2019 година издвои дополнителни средства за целосна реализација на водоснабдувањето на пет општини од овој систем, а се инвестирани во Филтер станици, цевководи. Вода за пиење од овој систем добиваат Пробиштип, Свети Николе и Штип, додека Карбинци со изградбата на цевководот до осумте населени места кон крајот на годината, а за Лозово се заокружува документацијата за старт на изградба на Филтер станица. Тој најави дека во четврток ќе се потпише и последниот анекс за грантот со банката за реализација на втората и трета фаза, а тоа е за наводнување на земјоделско земјиште и производството на електрична енергија. - Со тоа ги завршуваме сите активности и влегуваме во распишување на постапките за втора и трета фаза со „Злетовица“. Така да тоа е уште еден нов и убав момент за целиот овој регион, за Пробиштип и за сите општини, бидејќи овој проект долго време беше заглавен низ административни, бирократски лавиринти, преговори, договори, нејаснотии, нерасчистени работи, рече Николовски. Прашан за новата европска мерка - авансното исплаќање на субвенциите, Николовски со одговор дека нашата земја е лидер во искористувањето на мерката ИПАРД, а годинава се очекува и отварањето на ИПАРД три и првиот повик за три мерки до крајот на годината. Забележа дека реализација на субвенциите и на Ковид мерките се рекордни. - Што е поентата на ниво на Европска унија се знае дека политиката е да се субвенционираат површините на земјоделско обработливо земјиште, еден унифициран основ на субвенции, а дополнително да се определува и да се вршат исплатите во зависност каква земјоделска култура се произведува, дали се овоштари, полјоделство, лозари. Оваа година, која е за првпат прилот мерка ќе бидат овоштарите, до крајот на годината овоштарите ќе добијат 30 отсто, односно околу 12.000 денари од основната субвенција, за оваа година ќе ги добијат до крајот на годината, вели Николовски. Николовски посочи дека македонското земјоделство и сточарство мора да се усогласат со европските политики, за да има развој. вдј/фф/

Остани поврзан