• среда, 13 ноември 2024

Николовски: Преку Програмата за рурален развој потпишани 130 договори за досега највисока набавка на високопедигриран добиток 

Николовски: Преку Програмата за рурален развој потпишани 130 договори за досега највисока набавка на високопедигриран добиток 
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - Ова година имаме најголема набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал, преку Програмата за рурален развој, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешната посета на фармата „Бони Фарм“ во велешкото село Црквино, потенцирајќи дека јавниот повик за мерката 121, кој беше објавен во јуни минатата година предизвикал рекордно висок интерес кај сточарите. Како што соопштуваат од Министерството, Николовски информира дека на повикот аплицирале 104 баратели, од кои 103 ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари, а со овие средства, сточарите ќе можат да набават вкупно 3 842 грла високопедигриран добиток од кои 2 727 јуници, 1 056 овци и 50 кози. Тој потенцираше дека големиот интерес кај сточарите да аплицираат за мерката се должи на исклучителното залагање на Министерството и агенцијата да работат и да носат одлуки заеднички со сточарите. Со измената на мерката на сточарите им се овозможи прво да потпишат договор за кофинансирање на набавката, а потоа да набават добиток, за разлика од претходните години кога тие од сопствени средства прво набавуваа добиток, а дури потоа потпишуваа договор кој е со процент на кофинасирање во вредност од 50-75 проценти. Николовски нагласи дека измената на мерката веднаш ги дала очекуваните резултати. - Па така, веќе во 2020 година имаме исплата за 68 корисници, а со последниот повик од 2021 ќе бидат исплатени 103 корисници што е зголемување за плус нови 35 сточари повеќе споредено со лани. Навистина ме радува фактот што директно на терен ги гледам резултатите. Денес зборуваме за нови 3842 грла педигриран добиток и над 253 милиони денари инвестирани во сточарството, изјавил Николовски, додавајќи дека од оваа година со новата Програма за директни плаќања за првпат е воведена дополнителна субвенција по квалитет на млеко, истакна министерот. Така, според новата Програма за директни плаќања производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко е зголемена од 4,5 ден/лит на 5,5 ден/лит млеко. Министерот Николовски посочи и дека за сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна, а дека поради тоа со мерките од Интервентниот фонд се овозможила субвенционирана набавка на вештачки ѓубрива за производство не само на пченица и јачмен, туку и за пченка и сончоглед. При посетата на фармата "Бони Фарм", министерот Николовски на сопствениците им ги врачи двата договора за набавка на високо стелни јуници од кои 32 грла од расата Холштајн–Фризиска и 32 од расата Симентал. Ова семејство веќе поседува околу 160 висококвалитетни грла а сега, со поддршката на министерството, ќе ја зголемат фармата со уште 64 грла. свс/сп/

Остани поврзан