• среда, 27 ноември 2024

Николовски: Потпишани 18 договори за давање под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари

Николовски: Потпишани 18 договори за давање под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека потпишал 18 договори за давање под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари. Како што наведе Николовски, целта на Владата е секоја обработлива површина да се стави во функција. - Вкупно 150 хектари со намена за сточна храна даваме на вистинските земјоделци. Оваа година распишавме вкупно седум јавни огласи, преку кои на располагање ставивме над 13.000 хектари државно земјоделско земјиште, напиша Николовски на својот фејсбук профил. мч/сп/

Остани поврзан