• вторник, 24 декември 2024

Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешниот состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.

-Во два случаја се спречени обиди за шверц на поголеми пратки со брза пошта. Тргнавме во правец на целосно искоренување на ваквите обиди. Притоа ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин, истакна Николовски.

Двете страни договорија унапредување на соработката. 

Царинската управа, како што соопшти, согласно своите надлежности делува во насока на олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот. мч/аа/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан