• сабота, 23 ноември 2024

Николовски од Ранковце: Државните органи се во полна подготвеност да се справиме успешно и ефикасно

Николовски од Ранковце: Државните органи се во полна подготвеност да се справиме успешно и ефикасно
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се упативме на локациите во Ранковце, каде што има активни пожари, напиша вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на Фејсбук. Службите, посочува Николовски, се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба. - Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари. Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно, напиша Николовски. Вечерва, додава, остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што, како што посочува, безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет. мс/ац/

Остани поврзан