• среда, 25 декември 2024

Николовски од пумпната станица Марена: Обезбедуваме сигурно наводнување на 2 000 хектари

Николовски од пумпната станица Марена: Обезбедуваме сигурно наводнување на 2 000 хектари

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска во Кавадарци изврши увид на реконструираната и модернизирана пумпна станица „Марена“. Со овој проект, како што рече, извршена е целосна замена на старите пумпи и електромоторите кои беа дотраени и користени повеќе од 50 години.

Со новите пумпи, санацијата на доводниот канал и поставениот Скада систем кој ја следи работата на пумпите, се обезбедува, нагласи, сигурно наводнување на 2 000 хектари земјоделска површина.

Според Николовски, извршена е и санација на доводниот канал до црпниот базен со поставување механички решетки за зафаќање гранки и алги кои ги носи водата по каналот.  

-Ова е значаен проект во делот на водоснабдувањето во висина од 60,3 милиони денари, национални средства на Министерството, преку Инвестициската програма на АД „Водостопанство“ за 2023 година. Пумпната станица „Марена“ наводнува околу 2 000 хектари долгогодишни култури. Преку овој важен проект обезбедуваме квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини од овој регион, дирекгно помагајќи ги сите земјоделци. Како Министерство ставаме посебен акцент на навремено наводнување на земјоделските култури кои се од исклучителна важност и се предуслов за современо земјоделско производство. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, рече Николовски. мч/дма/

фото: МЗШВ
 

 

Остани поврзан