• среда, 27 ноември 2024

Николовски од Анкара: Обезбедуваме дополнителни количини вештачко ѓубре

Николовски од Анкара: Обезбедуваме дополнителни количини вештачко ѓубре
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Вахит Киришчи. Како што соопшти МЗШВ. двајцата министри ја потврдија досегашната трговска размена помеѓу двете пријателски земји и ги прецизираа идните активности во насока за зголемување на трговските капацитети и обезбедување дополнителни количини вештачки ѓубрива за македонските земјоделци. Министрите на работниот состанок изразија заедничка согласност за реактивирање на земјоделската насочувачка комисија, која повеќе од 10 години не е во функција, а чија клучна цел е проширување на палетата производи за кои би имало намалување на царинските стапки од страна на двете земји. На средбата министерот Николовски со својот турски колега Коришички разговараше и за продолжување на соработката помеѓу двете држави околу моделот за осигурување на земјоделски поседи на којшто во моментов работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. мч/цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан