• четврток, 26 декември 2024

Николовски: Најдоброто за Кочани и сега е Илијев, неговата програма нуди развојни проекти

Николовски: Најдоброто за Кочани и сега е Илијев, неговата програма нуди развојни проекти
Кочани, 6 октомври 2021 (МИА) - Најдоброто за Кочани и сега е Николчо Илијев. Неговата програма и овој пат нуди развојни проекти за граѓаните како што се изградба на спортска сала со капацитет за 3.000 гледачи, изградбата на старечки дом, изградба на нов булеварски влез во кочани од обиколницата до Судот, за младите, уредување на внатрешен простор во МКЦ и добивање дополнителни функционални простории за развој на младинскиот активизам, буџет за млади, креирање локална младинска стратегија и акционен план за утврдување на приоритетите за развој на младинските политики, порача на денешната граѓанска средба во Кочани генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Тој потенцираше дека СДСМ е фаворит и на овие локални избори, а потврда за тоа, како што рече, се сите релевантни анкети каде СДСМ е со најголема доверба од граѓаните. - Вложивме 550 милиони евра во реализација се над 7.000 проекти за општините да се развиваат рамномерно, и секој од нив важен за граѓаните, нагласи Николовски. На средбата, на која присуствуваа кандидат за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев и носителот на советничката листа Томе Солевски, беа презентирани досегашните успешно спроведени проекти за напредок на општината, но и идните развојни проекти од програмата на кандидатот за градоначалник. Беа презенитрани и идните проекти на кандидатот за градоначалник на Кочани, за којшто Николовски порача дека има јасна визија и проекти за напредок на Кочани. - Тековните и идните проекти мора да продолжат да се реализираат, континуитетот ќе продолжи во Кочани и по 17-ти октомври со најдоброто за Кочани, со Николчо Илијев, порача Николовски. Една од темите за кои се зборуваше на сребата беше поддршката за младите. - Младите се моторот на на нашата држава, СДСМ вложува во младите, во нивната мотивација, со креирање на работни места преку нови инвестици, за да останат и да придонесуваат кон развојот на својот роден крај, рече Николовски. Тој потенцираше дека посебен фокус е ставен на мерките за младите, за да останат во своето родно место, преку креирае на реални младински политики наместо во спомениците кои ни донесоа само кавги и поделби. - Ја намаливме младинската невработеност од 42 на 29 отсто, и сме прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција, преку која изминатата година се вработија над 8.400, а во првите шест месеци од оваа година 2.066 млади лица. СДСМ гради општини во функција на младите, општини кои се партнери со младите, го слушаат нивниот глас и ги исполнуваат нивните потреби. Воведуваме нов дигитален систем за директен контак на младите со градоначалникот, рече Николовски. см/сп/

Остани поврзан