• среда, 13 ноември 2024

Николовски: Конгресот на СДСМ е закажан за в сабота, верувам дека тогаш ќе се знаат сите 120 кандидати за пратеници

Николовски: Конгресот на СДСМ е закажан за в сабота, верувам дека тогаш ќе се знаат сите 120 кандидати за пратеници

Свети Николе, 21 март 2024 (МИА) - Носителите, како и кандидатите за пратеници на партијата СДСМ и коалиционите партнери официјално ќе се знаат в сабота на конгресот, истакна министесот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска одговараше на новинарски прашања по пошумувањето во атарот на селото Богословец во Општина Свети Николе.

-Од она што јас го знам конгресот е закажан за оваа сабота и верувам дека во сабота ќе се знаат сите 120 кандидати за пратеници, од страна на СДСМ и одлуките за изборно коалицирање на СДСМ со другите политички партии, вели Николовски.

Прашан, дали тој ќе биде носител на кандидатската листа на пратеници во изборна единица (ИЕ) три, Николовски со одговор дека одлуките ги носат партиските органи.

-Тоа ќе го кажат партиските органи и највисокото тело на партијата - Конгресот, вели Николовски.

Тој додава дека Конгресот на СДСМ на кој ќе се објават носителите на кандидатските листи за пратеници во Изборните единици, како и кандидатите за пратеници ќе се одржи в сабота во хотелот „Александар Палас“-Скопје, а пред одржување на Конгресот истиот ден ќе заседаваат највисоките партиски органи на СДСМ. вдј/сст/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан