• среда, 27 ноември 2024

Николовски: За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД

Николовски: За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вечерва изјави дека за прв пат ќе има македонски национален штанд на саем во САД.

-Единствени од регионот со Италија и Шпанија учествуваме на саемот Bellavita Chicago. За прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во САД, изјави Николовски во гостувањето на ТВ Сител.

Тој се осврна и на проектот „Здрав оброк за секое дете“, за кој вели дека преку овој проект се поддржува откупот на домашните земјоделски производи, обезбедувајќи здрава и свежа ужинка за децата.

- Вкупно 38000 деца од сите градинки во државата еднаш неделно, во наредните пет месеци, ќе добиваат килограм свежо македонско овошје, јаболка, кајсија, праска, слива и круша од реколтата 2023. Имаме многу убави и квалитетни земјоделски производи одгледани од вредните раце на нашите земјоделци. Дечињата ги учиме да се хранат здраво, но и да стекнат навика, паметејќи го вкусот, да јадат домашни земјоделски производи, рече Николовски. нд/

Остани поврзан