• сабота, 28 декември 2024

Николовски за наводно покачување на партиципацијата: Тоа е внатрешна процедура на УКИМ, наша заложба е да има бесплатно образование

Николовски за наводно покачување на партиципацијата: Тоа е внатрешна процедура на УКИМ, наша заложба е да има бесплатно образование

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски денеска на новинарско прашање околу објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите, посочи оти тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на УКИМ.

-Зголемувањето на партиципацијата ќе оди како барање од УКИМ до Владата, но не на товар на студентите. Министерството за образование се произнесе дека тоа не било барано од нив, туку се внатрешни процедури на самиот Универзитет, рече Николовски.

Неговиот личен став, како што рече, е дека партиципацијата не смее да се покачи.

-Нашата заложба како Универзитетско студентско собрание е дека во иднина долгорочната перспектива на Владата треба да биде да се обезбеди бесплатно образование за сите студенти, рече Николовски одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка во Министерството за култура. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан