• сабота, 23 ноември 2024

Николовски: Годинава минимум 30 милиони евра за првиот повик од ИПАРД 3 за нови инвестиции во земјоделството

Николовски: Годинава минимум 30 милиони евра за првиот повик од  ИПАРД 3 за нови инвестиции во земјоделството
16 февруари 2022

Земјоделството е сектор во којшто треба постојано да се делува и да се креираат мерки и политики, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во вечерашната емисија „Што мисли народот“ на телевизја Стар. Николовски потенцираше дека развојните мерки и политики продолжуваат и во следниот период, но и дека силен акцент ќе се стави на зајакнување на контролите од страна на Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се со цел субвенциите да бидат кај вистинските земјоделци.

 „Во рамки на овие две и пол години ќе имаме време да имплементираме многу нови практики. Ние ќе бидеме постојано на терен со земјоделците ќе ги воочуваме проблемите, ќе нудиме решенија исто како и до сега. Земјоделството треба да се остави надвор од политиката особено од партиските влијанија заради било чии интереси. Оваа година ќе биде година на контроли, година во којашто ќе има зајакнати контроли секаде, и во ветеринарните друштва, заради тоа што детектиравме пропусти, субвенциите мора да завршуваат кај вистинските земјоделци“, рече министерот Николовски.

Министерот во интервјуто се осврна и на искористувањето на мерките од ИПАРД програмата, потенцирајќи дека Северна Македонија во последните четири години веќе не враќа пари во Европската комсија поради неискористеност на средствата, туку дека напротив нашата држава сеге е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмата. Оваа година со првиот јавен повик преку ИПАРД 3 се очекува на располагање да бидат минумим 30 милиони евра, финансиска поддршка којашто земјоделците ќе можат да ја искористат за инвестиции за преработувачки капацитети, механизација и други, рече министерот Николовски.

Во интервјуто Николовски посочи дека започнува усогласувањето на македонските со европските регулативи, што се спроведува не само преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството туку и преку подготвка на нови законски решенија, но и опсежни анализи за поддршка на стратешките земјоделски производи.

Затоа ги најавив трите клучни закони-Законот за директни плаќања, Законот за рурален развој, Законот за уредување на пазарите којшто сметам дека е клучен, и новиот Закон за вино. Законот за уредување на пазарите и Законот за вино системски го решаваат здружувањето на сите производители во рамки на земјоделските здруженија и тие стануваат легитимен партнер на државата, со што го заокружуваме тој синџир во земјоделството и тоа го решаваме како што се европските практики. Затоа од оваа година велиме дека започнуваме и со усогласување на нашите политики со европските и во делот на директните плаќања и верувам дека тоа ќе даде резултат. Во текот на оваа година ќе правиме анализи и ќе знаеме кои се стратешките култури што државата треба да ги поддржува финансиски и земјоделците да знаат однапред дека поддршката за тие стратешки култури ќе ја имаат“, изјави министерот Николовски.

При тоа Николовски посочи дека од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите од 30% за почеток како пилот мерка за  овоштарите. Ова ќе биде прва година од воведувањето на субвенциите од 2004 година наваму, кога во оваа година ќе се исплаќаат субвенциите за оваа година, во следната 2023 година тоа ќе важи и за поледелството, лозарство, сточарство и останатите гранки, рече министерот Николовски.

МЗШВ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан