• среда, 25 декември 2024

Николовски: Вкупно 70 милиони денари за поддршка за зголемена енергетска ефикасност на домаќинствата

Николовски:  Вкупно 70 милиони денари за поддршка за зголемена енергетска ефикасност на домаќинствата
Скопје, 4 март 2023
 
Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на мерките и политики што обезбедуваат зголемена енергетска ефикасност и поддршка за секое домаќинстви.
Партнерскиот пристап во водењето на енергетските политики, од граѓаните за граѓаните е клучна вредност врз основа на која преку заедништво си помагаме да излеземе посилни од кризата, енергетски независни.
 
Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци. 
 
Преку овие инвестиции во обновливи извори, се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.
 
 
За сите три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра и ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, во вкупен износ од 15 милиони  денари;
 
За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 25 милиони денари
 
За надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 30 милиони денари.
 
Огласите за сите три мерки ќе бидат објавени до крајот на март. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на време. 
 
Ова се пари директно насочени кон граѓаните, а не за жални врби и рајски паркови кои со парите на граѓаните сакаше Христијан Мицковски да ги гради.
 
Политиките на сдсм прават разлика- наместо во рајски градини, директно кон граѓаните
 
Покрај инвестициите во домашните капацитети за производство на струја и зголемување на енергетската независнот, Владата предводена од СДСМ им помага и на домќинствата да направат енергетска трансформација и на тој начин да заштедат на сметките за електрична енергија.
 
Како одговорна партија продолжуваме со грижа за сите граѓани.
 
Фото: СДСМ
 
 
Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ
 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан