• петок, 27 декември 2024

Николовски: Антикорупциска година, но и подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка борба против корупцијата

Николовски: Антикорупциска година, но и подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка борба против корупцијата
Скопје, 7 март 2021 (МИА) – Владата најави дека оваа година ќе биде антокорупциска и дека влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа и токму поради. Минатата недела го презентираше и Планот за борба против корупцијата кој меѓу другото предвидува борба против корупцијата во Владата но и на, како што најавија, демонтирање на режимските остатоци од поранешната влада. После најавата на Антикорупцискиот план и изгласаната доверба на Владата во Парламентот, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и понуди заедничко дејствување. Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски за МИА рече дека со режимското владеење од 11 години на претходната власт, била заробена и извршната и судската власт. Според него деинсталирање на режимот значи широка акција на сите нивоа и дека токму поради тоа е подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за демократски исчекор. -Кога велиме деинсталација на режимот, тоа значи широка акција на сите нивоа на политика и на сите нивоа на власт, од ослободување на Владата од режимските стеги, преку прекинување на ланецот реваншизми, па сѐ до прочистувањето на судството. Тоа е и нашата најнова иницијатива за поттикнување  демократски исчекор кај ВМРО-ДПМНЕ, преку заедничко дејствување за напредокот на државата. Тоа е шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ. Ние како Влада, го покажавме нашето визонерско размислување, со самото тоа што после неколку дена од изгласана доверба во Парламентот, премиерот Заев подаде рака за дебата за национално помирување, што е доказ не само за лидерство, туку и за висока политичка свест кога е во прашање решавање на проблемите на граѓаните и создавање  подобри услови за живот, нагласува Николовски. Во однос на деталите од Планот за борба против корупцијата и неговото спроведување, вицепремиерот Николовски за МИА појасни дека со посебна мерка задолжени се сите седум аниткорупциски надлежни институции да се поврзат на Националната платформа за интероперабилност за седумтте надлежни органи за борба против корупција, платоформа која обезбедува навремена размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција. -Она што можам да го наведам сумирано е дека најголем проблем преставува системската поврзаност на институциите и брзата и ефективна дигитална размена на документи и ние активно работиме и ќе работиме во идниот период за надминување на овој проблем. Исто така еден дел од институциите се соочуваат со недоволна кадровска екипираност како што е случај со УЈП или истражните центри на јавното обвинителство каде што отсуствува кадар за сериозни финансиски истраги. Исто така сериозен недостиг е легислативата и правните рамки кои понекогаш се во колизија  и се недоречени во однос на надлежностите на различни иституции, појасни Николовски. Во однос на извештајот на Транспаренси Интернешнл, вицепремиерот вели дека не може да се очекуваат брзи резултати и позитивни рангирања после 11 години режим. Потенцира дека овие извештаи уште повеќе ги мотивираат, да бидат посилни во борбата против корупцијата и криминалот и дека како Влада, со разрешници на предметите за висока корупција, со завршени со правосилни пресуди на огромен број на случаеви поврзани со претходниот режим и докажале на опозицијата дека обидите за дејствување против правната држава им се залудни. Тврди дека Владата во борбата против корупцијата преземала мерки и пред Планот, со Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, донесен минатата година. Се водат од мотото неселективна правда и тоа според Николовски покажало и разрешувањето на функционери кои ги прекршиле одредбите од Кодексот. Локалната самоуправа клучна во борбата против корупцијата - општините  се местата каде граѓаните секојдневно се обраќаат за услуги што ги засегаат Една од мерките од Планот кои се однесуваат на локалната самоуправа, а којашто општините треба да ја спроведат без интервенција во законите е да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачи и да го објават назначувањето на нивните веб страници. - На овој начин го усовршуваме функционирањето на системот на укажувачи за да го извлечеме максималните законски можности преку јасен протокол за заштита на укажувачите. Или, практично, ова значи дека ако некој жител на конкретна општина кај кого се врши инспекцискиот надзор, се сомнева дека општинските инспектори со своето постапување преземаат мерки надвор од законот, тој жител на општината може да го пријави општинскиот инспектор кај овластеното лице за прием на пријави заради заштитено внатрешно пријавување, назначено од општината. На овој начин ќе се подигне свеста кај граѓаните и храброста да пријавуваат  случаи на коруптивно делување, појаснува Николовски за МИА. Со Планот е предвидено општините да изготват интерни процедури за спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, согласно образецот на интерни процедури кој е составен дел на Практичниот водич низ јавните набавки издаден 2020 година. Заради прецизирање на активностите внатре во самата општина, во смисла на тоа кој ја подготвува техничката спецификација, а кој е одговорен за реализација на склучениот договор по спроведената јавна набавка, според Николовски, овие процедури можат практично многу да помогнат. Овие процедури, вели тој, обезбедуваат сигурност дека во сите органи, па и во општините, за сите постапки за јавни набавки ќе има определено лице кое ќе се грижи за реализација на договорот и навремено објавување на известување за реализиран договор на електронскиот систем за јавни набавки. -Веруваме дека на овој начин ќе се подобри планирањето на јавните набавки со што ќе се  надминат состојбите кои многу често доведуваат до потреба од склучување на анекси на договорите за јавните набавки, со што обезбедуваме економичност во трошењето на државните финансиски средства при склучувањето на јавните набавки, уверува Николовски. Задолжителна Антикорупциска програма на општините Точката 12 од Планот за борба против корупција наложува општините да изготват Антикорупциска програма со активности кои опфаќаат анализа на ризични области за корупција, недостатоци во законите, евентуални причини и фактори за корпуција како и  мерки за јакнење на алатките за транспарентност и отчетност. На пример, секоја општина има право да подготви и да спроведе програми од интерес за локалното население. Со некоја од тие програми може да се обезбедува помош за социјално ранливи категории на граѓани од самата општина. За да бидат сите сигурни дека ваков вид на помош ќе добие оној којшто му е потребна и исполнува кртериуми, а не оној кој условно кажано  „има врски“ во општината, во рамки на овие годишни антикорупциски програми ќе бидат соодветно пропишани процедурите за постапување при реализација на овие програми. Секоја општина ќе треба да ги детектира ризичните области за корупција во рамките на делокругот на работењето, како и причините, условите и факторите кои потенцијално се ризик за корупција. -Веруваме дека на овој начин ќе се обезбеди и јакнење на капацитетите на инистуциите, со особен акцент на јакнење на  интегритетот на вработените, но и навремено постапување во врска со остварување на потребните услуги кон правните и физичките лица, преку  воспоставување на ефикасен систем на мерки кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата, истакна вицепремиерот за борба против корупција. Предвидено намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори Планот содржи мерка за намалување на бројот на членовите на управните одбори, условите за именување на членови во управни и надзорни одбори и нивна одговорност, висината на надоместокот да биде во согласност со одржаните седници. За МИА информира дека веќе се детектирани слабите точки во постапките за вработување и унапредување на административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и дека се подготвува и анализа на содржината и на спроведувањето на Етичкиот кодекс за административни службеници, којшто ќе подлежи на  ревизија, со цел подобрување и доближување до секој службеник. Планот предвидува и воведување единствен Регистар за службените возила, што ќе значи строго регулирање на начинот на користење на службените возила, а во однос на поттикнување на администрацијата да работи навремено, професионално и во служба на граѓаните и бизнис секторот, со Планот се  воведува систем за следење на предмети и претставки преку отворање на повикувачки центар. Граѓаните и фирмите на едно место ќе можат да пријавуваат случаи на корпуција, ненавремно или несоодветно постапување од надлежните институции по однос на нивните поднесени барања. Спроведувањето на Планот содржи задолженија за многу институции, со утврдени рокови, а вицепремиерот Николовски е дециден дека секоја институција е должна да постапува согласно утврдените задолженија. Борис Куноски

Остани поврзан