• недела, 24 ноември 2024

Николовска: ДКСК да ја утврди поврзаноста и влијанието на Рашковски, Начевски и Пиперевалиев

Николовска: ДКСК да ја утврди поврзаноста и влијанието на Рашковски, Начевски и Пиперевалиев
Скопје, 27 април 2020 Четврт ден молк од страна на власта за скандалозниот тендер во четири очи помеѓу ЈП Дрисла и фирмата „Алпима тим“ ДООЕЛ Струмица. Јавно прашавме дали првиот братучед на сопругата на Рашковски, доделил тендер во 4 очи од над 12 милиони денари на близок роднина на Драги Рашковски и се уште не добивме одговор од власта. Уште еднаш прашуваме, дали Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев кој е сопственик на фирмата која го доби тендерот се во блиска роднинска врска, односно втори братучеди? Дали Драги Рашковски е главната алка во добивањето на овој тендер каде што еден негов роднина го доделува на друг роднина? Бараме од Комисијата за спречување корупција да отвори случај и да ја утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев и поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Коста Начевски и каква улога имал истиот Драги Рашковски во доделувањето на овој тендер помеѓу неговите роднини? Економијата тоне, државата крахира, а роднините на Драги Рашковски си доделуваат тендери меѓу себе. Јавноста сама може да процени која била улогата на Драги Рашковски во овој тендер. Државната комисија за спречување корупција има полни раце работа со овој случај, и бараме само да се отвори што е можно побрзо и да се утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски, Коста Начевски и Александар Пиперевалиев. Одговорност мора да има. Празнењето на Буџетот на граѓаните во време на вонредна состојба, додека над 160.000 граѓани остануваат без редовни примања е случај за кој треба да се сноси одговорност. Драги Рашковски, Петре Шилегов, Коста Начевски и сите останати инволвирани мора да сносат одговорност. Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан