• четврток, 26 декември 2024

Николова: СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 отсто

Николова: СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 отсто

Скопје, 26 септември 2022 И во време на светска економска и енергетска криза Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за животниот стандард на сите граѓани.Од овој месец, платата на околу 32.500 вработени во основното и средното образование ќе добијат плата повисока за 15 отсто.Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.Од тие 32.500 лица, околу 25.000 се наставници.Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто.Со последното зголемување, за само пет години платите во овој сектор се зголемуваат за 36 отсто, односно за една третина повеќе во однос на 2017 година.Покрај во човечкиот фактор, сериозно вложуваме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани и изградени над 80 основни и средни училишта.Тоа е вистинска грижа учениците, за наставниците и за образовниот систем.СДСМ продолжува да инвестира во образовниот систем, продолжуваме да се грижиме за животниот стандард на сите граѓани.

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавност на СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан