• недела, 24 ноември 2024

Николова: Потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината

Николова: Потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината

Скопје, 28 февруари 2023

 

Почитувани граѓани, почитувани медиумиДенеска, беше потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината.Станува збор за финансиски средства од над 40 милиони денари за реконструкција на улиците Мите Богоевски и Црноризец Храбар во Населба Лисиче, за која реконструкција, Проектната докумнтација е целосно споведена и подготвена од претходната локална власт предводена од СДСМ Овој потпишан договор е само уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ се грижи и обезбедува средства за локален развој и унапредувањето на квалитетот на животот на сите граѓани.Градоначалникот Муцунски се пофали дека со инфраструктурните проекти што ги реализира сериозно го менува изгледот на Аеродром, но чесно е да каже дека тие проекти се обезбедуваат со финансиски средства преку потпишување  токму на овој договор со Министерството за транспорт и врски како дел од проект на Светската банка, кој тој лично го кочеше додека беше пратеник и претседател на Комисијата за финансирање и буџет.Односно, иронијата да биде поголема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието цела година го блокираа законот за финансирање за поврзување на локалните патишта, а со тоа ги блокираа и овие средства за кои денеска се ставаат директно во функција на општините за реконстукција на локалните патишта.Дополнително, неспособноста на Муцунски навреме да обезбеди лиценциран градешен инспектор во општината доведе до состојба на урбанистички хаос во кој дивоградбите стануваат секојдневие.Почитувани,Како Влада продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните. Сите политики и мерки се носат по претходно креирани стратегии за унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните.Продолжуваме и понатаму да бидеме сервис на граѓаните и да ги исплнуваме ветувањата дадени пред нив.

Изјава за медиуми, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Со почит,

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

фото: извор СДСМ

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

Остани поврзан