• недела, 24 ноември 2024

Николова: Нова инвестиција од 126 милиони евра и нови работни места

Николова: Нова инвестиција од 126 милиони евра и нови работни места

Скопје, 25 февруари 2023

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот ДИмитар Ковачевски даваат резултати. 
 
И во време на светска економска и енергетска криа, македонската економија е конкурентна и атрактивна за големи странски инвестиции. 
 
Се отвора нова фабрика во Технолошката индустриско развојна зона Скопје 2, станува збор за германската компанија „Гересхајмер“, глобален партнер на фармацевтската индустрија.
 
Инвестицијата е во вредност од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони, како и најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата.
 
Предвидено е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.
 
Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата во привлекување странски инвестиции, годината зад нас е најдобрата година од постоењето на ТИР зоните, во која е остварен највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра. 
 
Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.
 
Сето ова е дополнителен мотив за нас, да продолжиме со реализација на потребните реформи, на мерките и политиките што обезбедуваат нови инвестиции, добро платени работни места и економски раст.
 
Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан