• вторник, 12 ноември 2024

Николиќ: Ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен

Николиќ: Ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен
Скопје, 7 март 2021 (МИА) - Министерството за одбрана останува посветено на својот приоритет за решавање на прашањето на професионалните војници со наполнети 45 години. Оваа грижа и овој приоритет ќе биде решеван и понатаму како и досега, изјави денеска државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ. Тој потенцира дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен. Тој потсети дека дека на 1 февруари 2021 година беше објавен проектот за решавањето на професионалните војници. -Отвораме нови можности преку пополнување на противпожарната територијална единица низ целата држава. Тој проект продолжува и годинава и ве уверувам дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен и нерешен во неговиот статус во однос на втората кариера, рече Николиќ. Тој напомена дека сите активности поврзани со статусот и прашањето за професионалните војници со наполнети 45 години возраст е поздравен од синдикатите во Министерството за одбрана и сите активности, како што рече, ги водиме транспарентно. Потсети и на законските измени кои се во завршна фаза во Собранието и додаде оти се отвора нова можност за решавање на статусот на професионалните војници преку изборот што ќе го имаат сами, а тоа е околу отпремнината и продолжување на нивната втора кариера во органите на државна упарава и органите на локална самоуправа. -Апелирам Собранието час поскоро да ги изгласа овие законски измени и со тоа да им се овозможи на професионалните војници да можат да имаат и дополнителна опција, изјави Николиќ. мд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан