• недела, 28 јули 2024

Николенко: Украина очекува Кина да го искорити влијанието врз Русија за завршување на војната

Николенко: Украина очекува Кина да го искорити влијанието врз Русија за завршување на војната

Киев, 20 март 2023 (МИА) -  Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да заврши војната, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

-Украина внимателно ја следи посетата на кинескиот претседател на Русија, изјави Николенко за британските медиуми, веднаш по пристигнувањето на кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, на закажаните разговори со неговиот руски колега Владимир Путин.

Николенко истакна дека Украина очекува „Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да стави крај на агресивната војна против Украина“.

Западните агенции навестуваат дека се очекува Си да ја истакне улогата на Пекинг како потенцијален миротворец во конфликтот по објавувањето на планот од 12 точки.

Киев соопштува дека секој мировен потег мора да вклучува целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет на Украина.

-Подготвени сме да се вклучиме во поблизок дијалог со Кина за да го вратиме мирот во Украина во согласност со принципите содржани во Повелбата на ОН и последната резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за ова прашање, рече Николенко. сд/

Остани поврзан