• сабота, 23 ноември 2024

Никола Минчев: Време е по долга пауза од 2009 година за средба со македонскиот колега

Никола Минчев: Време е по долга пауза од 2009 година за средба со македонскиот колега
Софија, 5 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на 47. Народно собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БТВ по повод почетокот на новата седница изјави дека планира да се сретне со неговиот македонски колега Талат Џафери. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Минчев рече дека на дневен ред е нова средба на двете законодавни тела на Бугарија и Северна Македонија. Тој проверил во записникот на Народното собрание на Бугарија дека средба на двајцата претседатели на парламенти немало од март 2009 година, кога била последната средба на вакво ниво. Минчев рече дека имало идеи и покани за средби во 2010 и 2018 година, но тогашните претседатели на бугарскиот Парламент Цецка Цачева и Цвета Карајанчева тоа не го направиле на билатерална основа. Тој изрази мислење дека е време да се направи ваква средба по толку долга пауза. Ваква средба е неопходна во поглед на севкупните процеси на Западен Балкан и особено во контекст на актуелните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и одврзувањето на севкупниот јазол не само околу околу нејзината европска интеграција туку и евроинтеграцијата на регионот. нк/вг/

Остани поврзан