• среда, 25 декември 2024

Никола го наследи Раниери во Каљари

Никола го наследи Раниери во Каљари

 

Рим, 6 јули 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Каљари го назначи за нов тренер 51-годишниот стратег Давиде Никола, со кој потпиша двегодишен договор.

Во последните години Никола се здоби со репутација на експерт на чело на тимови кои се борат за опстанок, предводејќи ги Кротоне, Удинезе, Џенова, Торино, Салернитана и Емполи.

Борба за опстанок го чека и во следната сезона со Каљари.

На клупата на Каљари Никола доаѓа на местото на 72-годишниот Клаудио Раниери кој одлучи да се пензионира. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан