• среда, 25 декември 2024

Никарагва ослободи 2.800 затвореници, негира поврзаност со Ковид-19

Никарагва ослободи 2.800 затвореници, негира поврзаност со Ковид-19
Манагва, 14 мај 2020 (МИА) - Повеќе од 2.800 затвореници во Никарагва вчера беа привремено ослободени, а причината е прославата на Денот на мајката, соопштија официјални претставници. Овој потег се случи еден ден откако еден од затворениците почина од респираторни проблеми кои не се официјално поврзани со коронавирусот, а надлежните негираат дека имало локална трансмисија. Пријател на Силвио Перез, затвореникот кој починал на 60-годишна возраст, тврди дека неговото семејство сè уште чека потврда за смртта. Перез почина во болница каде што се сместени пациенти за кои постои сомневање дека имаат Ковид-19. Владата на Никарагва соопшти дека затворениците привремено се ослободени заради Денот на мајката, кој се слави оваа недела, а исто така се наведува дека меѓу нив има стари лица и хронично болни луѓе. Во соопштението не се спомнува коронавирусот, кој се појави во затворите низ светот и кој претставува поголем ризик за луѓето од наведените категории. Адвокат кој застапува затвореници потврди дека Перез бил погребан во вторникот и тврди дека најмалку 26 затвореници биле заразени со коронавирусот. Владата на Никарагва пријави само 25 случаи на заразени со коронавирусот и осум смртни случаи, што е значително помалку од земјите во регионот. Во оваа земја, во последно време се почеста практика е погребување на пациенти кои починале од атипична пневмонија, од страна на болниците брзо по прогласувањето смрт без присуство на семејството. јт/

Остани поврзан