• среда, 25 декември 2024

Нигериската армија предупреди на нова бунтовничка група Лукаравас

Нигериската армија предупреди на нова бунтовничка група Лукаравас

Абуџа, 8 ноември 2024 (МИА) – Нигериската војска предупреди дека нова бунтовничка група Лукаравас се инфилтрирала во северозападниот регион на земјата од соседните Нигер и Мали, изјави воениот портпарол Едвард Буба.

Тој рече дека групата, огранок на милиции кои дејствуваат во регионот Сахел, е активна во северозападните држави Сокото и Кеби.

Идеологијата на групата засега не е позната.

- Тие почнаа упад во северните делови на државите Сокото и Кеби од Нигер и Мали, особено по државниот удар во Република Нигер, рече Буба во изјавата.

Тој додаде дека војската минатиот месец убила 163 бунтовници, уапсила 82 и спасила најмалку 80 киднапирани лица во северозападниот регион.

Појавата на Лукарава е поврзана со пучот во јули 2023 година во Нигер, кој ги прекина заедничките воени патроли долж границата меѓу Нигерија и Нигер. јт/

Фото: Х

Остани поврзан