• среда, 13 ноември 2024

Нигериец кандидат за Гинисов рекорд за најголем цртеж

Нигериец кандидат за Гинисов рекорд за најголем цртеж

Лагос, 23 јyли 2024 (МИА) - Нигерискиот уметник Фола Давид има за цел да го собори Гинисовиот рекорд за најголем цртеж или слика од поединец. За таа цел, тој шест дена работел на неговото уметничко дело на фудбалски стадион во Лагос.

Давид, исто така, е лекар. Неговото дело насловено „Единство во различноста“, коешто се протега на 1.050 квадратни метри, прикажува две огромни раце кои држат мапа на Нигерија. Тоа треба да го претстави културното наследство на земјата и заедништвото.

Нигерија, најнаселената земја во Африка, е составена од околу 250 етнички групи, главно поделени на муслимани и христијани, со чести меѓуетнички тензии.

- На нашата различност треба да се гледа како на нешто што нè обединува, нешто што нè зајакнува, а не нешто што треба да создава поделби меѓу нас, рече Давид по завршувањето на своето дело во неделата навечер.

Уредувачите на Гинисовата книга на рекорди се известени и ќе треба да го проверат неговиот труд. Претходниот рекорд е поставен од индискиот уметник Рави Сони во 2021 година со неговата слика од 629,98 квадратни метри.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан