• сабота, 28 декември 2024

Нивото на Вардар кај Велес зголемено повеќе од трипати, засега нема излевање

Нивото на Вардар кај Велес зголемено повеќе од трипати, засега нема излевање

Велес, 11 јануари 2020 (МИА) - Интензивните и непрекинати врнежи од дожд во изминатите неколку дена повеќе од трипати го зголемија нивото на реката Вардар во Велес. 

- Ако на 1 јануари нивото беше 45 сантиметри, на 7 јануари - 90, а вчера - 110 сантиметри, додека денеска на мерното место во Велес кај Стар мост нивото изнесува 150 сантиметри, информираат од УХМР. Оттаму потенцираат дека ова ниво е далеку од просекот за јануари, кој е 82 сантиметри.

Покрај високото ниво денеска нема излевање на Вардар во Велес. Во Градскиот парк се поплавени првите дрвја до брегот. Во Вардар кај Градскиот парк среде река имаше заглавено и големи трупци од дрвја.

Поради надојдените води по Вардар низ центарот на Велес пловеа стотици пластични шишиња, собрани од надојдените води на реката од бреговите долж реката.

Од УХМР попладнево соопштија дека и денешните непрекинати врнежи придонеле за зголемување на нивото на водата во реките, особено на река Вардар во горниот тек и нејзините притоки. Оттаму посочуваат дека е високо и нивото на реката Бабуна кај Богомила и далеку над просекот, но засега нема излевање. Високо е нивото и на реката Тополка во реонот на велешко.ад/фф/

Остани поврзан