• четврток, 26 декември 2024

Не престануваат хакерските напади врз црногорските државни институции

Не престануваат хакерските напади врз црногорските државни институции
Подгорица, 20 септември 2022 (МИА) - Хакерските напади врз државни институции не престануваат, некои сервиси се враќаат, соопшти Владата на Црна Гора, додавајќи оти сè уште не може да се зборува за финансиските загуби. - Ние не можеме да здивнеме. Оптимистично е тоа што успеавме да вратиме одредени сервиси, изјави Душан Половиќ од црногорското Министерство за јавна администрација. Како што информираше Половиќ, официјалната страница на Владата „gov.me“ повторно е достапна од петокот вечерта, а тој се надева дека оваа недела ќе биде достапен и порталот за јавни набавки. Јавните набавки најмногу претрпеа поради хакерските напади. Државните тендери се стопирани, па со тоа е отежната и работата на дел институции. бд/ми/

Остани поврзан