• недела, 24 ноември 2024

Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост, смета Камбовски

Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост, смета Камбовски
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски. - Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање. Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации. - Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски. Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок. - Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски. мс/ар/

Остани поврзан