Нејмар: Тажен сум што не бев повикан во репрезентацијата
- Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска.
Сантос, 17 март 2026 (МИА) – Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска.
-Разочаран сум и тажен што не добив повик за настап во националниот тим. Но мојот фокус останува на репрезентацијата. Ќе ја постигнам мојата цел. Сонот продолжува, изјави Нејмар за „OneFootball“.
Анчелоти не го повика 34-годишниот за претстојните натпревари за репрезентацијата. Најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил повторно е изоставен од составот.
Нејмар постигна 79 гола и има 59 асистенции на 128 натпревари за „Кариоките“. Последен пат играше за бразилската репрезентација во октомври 2023 година. зс/
Фото. ЕПА