• вторник, 24 декември 2024

Нејмар одби да му плати кауција на Алвеш

Нејмар одби да му плати кауција на Алвеш

 

Барселона, 22 март 2024 (МИА) – Таткото на фудбалската ѕвезда Нејмар изјави дека неговото семејство нема да плати еден милион евра потребни за ослободување на Дани Алвеш од шпанскиот затвор, каде што поранешниот бразилски дефанзивец го чека исходот од жалбата на пресудата за силување.

Нејмар да Силва Сантос во изјава во име на неговото семејство рече дека тие финансиски го поддржувале Алвеш во текот на судскиот процес, но нема да го сторат тоа повторно откако поранешниот играч беше прогласен за виновен за силување.

„За нас, за моето семејство, оваа работа е завршена. Точка“, изјави Нејмар да Силва Сантос.

Четириесетгодишниот Алвеш е осуден на четири години и шест месеци затвор, а веќе со месеци е во притвор во близина на Барселона.

Алвеш е осуден за сексуален напад врз млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година Во текот на судскиот процес даде неколку контрадикторни верзии за настанот. Бразилскиот репрезентативец прво тврдеше дека не ја познава жената, а потоа призна дека имал сексуален однос на кој девојката се согласила.

Поранешниот бразилски репрезентативец во кариерата освои 42 трофеи, вклучувајќи и три титули во Лигата на шампиони со Барселона и два во Копа Америка со Бразил. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан