• сабота, 27 јули 2024

Нејмар купи специјален модел на хеликоптер 

Нејмар купи специјален модел на хеликоптер 
  Рио де Женеиро, 23 јули 2021 (МИА) – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар објави фотографија на социјалните мрежи на која позира пред редок модел на хеликоптер од производителот „Мерцедес“ за кој напаѓачот на ПСЖ издвоил 10, 5 милиони долари. Нејмар на фотографијата објавена на својот Инстаграм профил на кој има 155 милиони следбеници, позира пред луксузниот дом во Рио де Женеиро, додека во заднина е стациониран хеликоптер во црна боја со неговите иницијал „NJR“. Летото, од марката „Мерцедес“, модел H-145, не е во сериско производство и се изработува само по специјални нарачки. Дизајнот на леталото е инспириран од футуристичкиот автомобил на суперхеројот Бетмен, чиј голем обожавател е 29-годишниот Нејмар. ег/

Остани поврзан