• вторник, 24 декември 2024

Нејмар би можел да се врати во Сантош

Нејмар би можел да се врати во Сантош

Сао Паоло, 8 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар би можел да се врати во Сантош доколку го раскине договорот со саудискиот клуб во јануари 2025 година.

На 6 ноември, беше објавено дека Нејмар ќе пропушти 4 до 6 недели за Ал-Хилал поради нова повреда. Напаѓачот ја заработи повредата на вториот натпревар откако се опорави од претходниот проблем што го држеше надвор од терените повеќе од една година.

Триесет и две годишниот Бразилец е дете на Сантош. За тимот играше до јули 2013 година, по што се пресели во Барселона.

Нејмар е фудбалер на Ал-Хилал од август 2023 година. Во целиот период одигра 7 натпревари за тимот од Саудиска Арабија, постигна 1 гол и 3 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан