• петок, 20 декември 2024

Нехамер: Терористички напад во Виена, најверојатно има мртви и поголем број ранети

Нехамер: Терористички напад во Виена, најверојатно има мртви и поголем број ранети
Виена, 2 ноември 2020 (МИА) - Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека вечерва во центарот на Виена се случил терористички напад и дека најверојатно има мртви и поголем број ранети. Нехамер, во изјава за јавниот сервис ОРФ, рече дека нападот во центарот на Виена се уште трае, дека полицијата претпоставува дека има повеќе напаѓачи и ги повика граѓаните да останат во своите домови. Портпаролот на Здружението на болници во Виена, Кристоф Миро за агенцијата АПА изјави дека тројца повредени, по нападот во центарот на градот, биле пренесени на клиниките управувани од оваа институција. Миро не потврди дали станува збор за повреди од огнено оружје или експлозија, бидејќи некои медиуми пренесуваат дека „еден од напаѓачите се кренал во воздух“. Претходно австриските медиуми јавија дека во Виена вечерва е нападната синагога и дека притоа е ранет полицаец кој ја чувал зградата и се наоѓа во животна опасност. „Кронен цајтунг“ објави дека биле истрелани неколку истрели во близина на плоштадот „Шведенплац“. Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелираше до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови. паг/  

Остани поврзан