• сабота, 23 ноември 2024

Нехамер: Не користете ги замрзнатите руски активи за оружје

Нехамер: Не користете ги замрзнатите руски активи за оружје

Брисел, 21 март 2024 (МИА) - Приходите од руските средства замрзнати во Европската унија треба да се користат за обнова на Украина, а не за нејзино вооружување, изјави денеска австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Говорејќи пред новинарите пред самитот на ЕУ, Нехамер рече дека на неутралните земји како Австрија им се потребни гаранции дека ако го одобрат присвојувањето на профитот за да и се помогне на Украина, парите „нема да се трошат на оружје и муниција“.

„Првично имаше дискусија дека треба да се инвестира во реконструкција во Украина. Тоа ми изгледа како разумен предлог, рече Нехамер

Литванскиот претседател Гитанас Науседа рече дека и профитот и самите средства треба да се искористат за вооружување на Украина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан