• четврток, 26 декември 2024

Нехамер го свика Советот за безбедност поради руски шпионски мрежи

Нехамер го свика Советот за безбедност поради руски шпионски мрежи

Виена, 1 aприл 2024 (МИА) - Австрискиот канцелар Карл Нехамер свика состанок на Советот за национална безбедност по апсењето на лице под обвинение за шпионажа,  кое работело за сега распуштената домашна разузнавачка агенција во земјата.

Советот треба да се состане на 9 април.

„Неопходно е да се спречат „руските шпионски мрежи“ да и се закануваат на Австрија „со инфилтрирање или искористување на политички партии или мрежи“, соопшти денеска Нехамер од конзервативната Австриска народна партија.

Поранешен вработен во сега распуштената Федерална служба за државна заштита и контратероризам (БВТ) беше приведен под обвинение за злоупотреба на службената положба и тајни разузнавачки активности на штета на Австрија.

Јавното обвинителство во Виена вчера побара притвор. Не е соопштено за која земја лицето можеби шпионирало. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан