• недела, 24 ноември 2024

Нетфликс под силни критики поради филм што поттикнува педофилија

Нетфликс под силни критики поради филм што поттикнува педофилија
Париз, 11 септември 2020 (МИА) - Популарната стрим-платформа Нетфликс е под силни критики по објавувањето на филмот „Mignonnes“ („Cuties“, „Слатки девојчиња“), што според многумина, промовира и поттикнува педофилија. Филмот е за неколку 11-годишни деца од Сенегал што живеат во Франција, и се здружуваат во женска танчерска група. Според критикувачите, сцените со настапите на малите девојчиња, имаат силен сексуален контекст. На Твитер започна и кампања #CancelNetflix. Од друга страна, пак, на интернет-страницата „Ротен томатос“, филмот има и позитивни критики. На ИМДБ, филмот засега е оценет 1,7 / 10, што е доста ниска оценка.  си/паг/

Остани поврзан