• недела, 24 ноември 2024

Нетфликс објави нов трејлер од „Вселенски сили“ со Стив Карел (видео)

Нетфликс објави нов трејлер од „Вселенски сили“ со Стив Карел (видео)
Лос Анџелес, 6 мај 2020 (МИА) - По цело десетлетие откако заврши светскиот хит „Канцеларија“, Стив Карел се враќа во нова хумористична серија. Станува збор за „Space force“ (Вселенски сили), на Нетфликс. По објавувањето на новиот трејлер, обожавателите на комичарот коментираат дека смислата за хумор е истата. Во новата научнофантастична комедија, Карел го глуми искусниот пилот и генерал Марк Нерд. https://youtu.be/io6Mqho-asM - Ќе има недостатоци! Но, големината никогаш не се стекнува без жртви!, вели генералот во трејлерот. Прикажувањето на серијата треба да почне на 29 мај.  си/

Остани поврзан