• среда, 27 ноември 2024

Нетфликс и филмот „Убедување“ под жестоки филмски критики

Нетфликс и филмот „Убедување“ под жестоки филмски критики

Лос Анџелес, 11 јули 2022 (МИА) - Претстојниот филм на Нетфликс - „Убедување“ (Persuasion) е опишан од критичарите како најлошата адаптација на приказна на Џејн Остин на сите времиња.

Филмот во којшто глуми Дакота Џонсон, се заснова на истоимениот роман на Џејн Остин од 1817 година. Би требало да биде објавен на стрим-сервисот на 15 јули. Но, оние кои го погледнале остварувањето во режија на Кери Крекнел, ги повикуваат гледачите да се држат подалеку од него. „Kонечно можев да го гледам 'Убедување', па можам да кажам дека ова е најлошата адаптација на Џејн Остин што сум ја видела. Апсолутно непростливо. Укинете го Нетфликс. Укинете ја Дакота Џонсон!“, напиша на Твитер Морган Ли Дејвис од списанието „Бастл“. И британската независна критичарка Кларис Лаури се согласи дека Џонсон, небаре не го прочитала романот, „жалосно погрешно“ го толкува својот лик во филмот - Ен Елиот, главната хероина на приканата. - За оние кои имаат дури и најмала наклонетост за делото на Остин, малку е понизно да се гледа - да се види еден од нејзините најубаво изработени главни ликови, тажна личност прогонувана од духовите на изгубената љубов, лишена од нејзината поезија и сведен на напис на Инстаграм за замките на модерното запознавање, вели Лаури. Списаниието „Лорџи“ му даде една ѕвездичка на филмот, како и критичарката Венди Ајд од британски „Гардијан“, која го оцени филмот како „травестија“.  си/

Остани поврзан