• петок, 27 декември 2024

Нето платата во декември 34 364 денари

Нето платата во декември  34 364 денари
Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Административни и
помошни услужни дејности (19 проценти).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,4  проценти), Дејности во врска со недвижен имот (10,2 проценти) и Уметност, забава и рекреација (8,4 проценти).
 
Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51 387 денари.лв/аа/
 
Фото: МИА Архива
 
 

Остани поврзан