• сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху ќе се сретне одделно со Бајден и Харис во Вашингтон

Нетанјаху ќе се сретне одделно со Бајден и Харис во Вашингтон

Вашингтон, 24 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден утре во Белата куќа ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да го разгледаат напредокот кон прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа.

Потпретседателката Камала Харис ќе има посебна средба со Нетанјаху.

Подоцна денеска, израелскиот лидер се очекува да се обрати пред американскиот Конгрес и покрај протестите и незадоволството меѓу некои американски пратеници поради водењето на војната во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан