• петок, 03 јануари 2025

Нетанјаху ја напушти болницата за да присуствува на седница во Кнесетот

Нетанјаху ја напушти болницата за да присуствува на седница во Кнесетот

Тел Авив, 31 декември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти болницата по операција на простата за да присуствува на гласањето за буџетот во Кнесетот.

Според израелскиот портал „Вала“, Нетанјаху присуствувал на пленарната седница и покрај препораките на лекарите. Болницата, каде што била извршена операцијата, претходно соопштила дека неговото закрепнување тече без значајни компликации.

Членовите на владејачката коалиција побарале одложување на гласањето за два закони за буџетот, додека се обидуваат да соберат доволна поддршка за мерките за спречување на буџетски дефицит од околу 15 милијарди израелски шекели (околу 3,8 милијарди евра).

Нетанјаху во неделата беше подложен на операција за отстранување на простатата, поради дијагностицирана инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бенигно зголемување на простатата, соопшти неговиот кабинет. ссм/

фото: архива

Остани поврзан