• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нетанјаху утре ќе испрати преговарачки тим во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот

Нетанјаху утре ќе испрати преговарачки тим во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот

Ерусалим, 16 февруари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да разговараат за „продолжување на спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет.

„Бенјамин Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација утре да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата фаза од договорот. По состанокот на владата закажан за утре, тимот ќе добие инструкции за продолжување на преговорите за втората фаза“, се додава во соопштението.

Војната би можела да продолжи на почетокот на март, доколку не се постигне договор за покомплицираната втора фаза од прекинот на огнот, што ќе бара враќање на сите преостанати заложници и неодредено продолжување на примирјето. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан