• среда, 27 ноември 2024

Нетанјаху со порака до Либанците: Не сме во војна со вас, туку со Хезболах

Нетанјаху со порака до Либанците: Не сме во војна со вас, туку со Хезболах

Тел Авив, 23 септември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер се обрати до народот на Либан во видео порака објавена на социјалните мрежи.

-Имам порака до народот на Либан: Војната на Израел не е против вас. Ние сме во војна против Хезболах. Хезболах предолго ве користи како жив штит. Тој стави ракети во вашите дневни соби и проектили во вашата гаража, вели Нетанјаху.

Почнувајќи од утрово, рече тој, „ИДФ ве предупреди да се тргнете од опасност“.

-Ве повикувам, сфатете го ова предупредување сериозно. Не дозволувајте Хезболах да ви ги загрози животите... Штом ќе заврши нашата операција, можете безбедно да се вратите во своите домови, рече Нетанјаху. мс/

фото: Принтскрин

 

Остани поврзан